Почнува сезонската вакцинација против грип
Центарот за јавно здравје Битола ја започнува сезонската кампања за вакцинација против грип.
Приоритетни групи се лицата над 65 години, хронично болните, бремените жени и здравствените работници. Вакцинацијата се врши кај матичните лекари, по претходно закажување.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на 047 / 233-333.